Кадите и туш кадите се изработени од чист АКРИЛ (100%). Овој модерен материјал е многу лесен, лесно се обликува, цврст е но и еластичен, не старее, лесно се репарира и не го губи сјајот. Акрилот е мазен, компактен (не е во слоеви), не е порозен и не дозволува на него да се задржуваат бактерии. Акрилот е топол материјал кој е пријатен на допир.


Со денешното темпо на живеење ви треба за кратко време малку опуштање, и тоа дома за да не губите време. Ваква релаксација, но истовремено и терапија, може да ви ја понудат хидромасажните системи. Покрај психичкото и физичкото опуштање, докажано е дека масажата ја подобрува циркулацијата, помага во разбивање на целулитот, го ослободува организмот од отрови, ги ублажува болките во зглобовите, терапија е за ревма, го опушта телото после спортување или физички напор. Хидро и аеро масажата во комбинација со ароматерапија (етерични масла од природни билки) и хромотерапија (одмароње со убав спектар на бои на водата) ви нудат незаборавни моменти на уживање.