Професионалната услуга, и што е многу важно, познавањето на техничките карактеристики на тоа што го нудиме се главна карактеристика на нашиот бренд ART AQUA. За купените производи кај нас, ви следува бесплатен превоз до вашиот дом (во Скопје), а се разбира можеме да ви понудиме и брза и квалитетна монтажа. Освен продажба и монтажа на купените производи, нудиме и комплетна изведба во сите фази при реновирањето на Вашата бања. Патот од идеја до реализација можете целосно да ни го препуштите нам. Високиот и познат квалитет на производите што ги нудиме, како и искусниот тим на професионалци (архитекти, проектанти и изведувачи) со кои соработуваме, се гаранција дека на крајот нашите клиенти си заминуваат задоволни. А за нас најголема сатисфакција е кога задоволните купувачи повторно ни се обраќаат да ги реализираме нивните нови проекти поврзани со нивната бања. Монтираме ХИДРО-АЕРО МАСАЖНИ системи и дополнителна опрема како што е рефлектор за под вода, грејачи, хромотерапија, електронски дисплеј и друго на сите видови акрилни кади. Се разбира даваме гаранција за нив. Хидро Аеро масажните системи се од познатите брендови Aqua Jet, Koller и Espa