Мебелот за бањи може да биде со различен квалитет. Поквалитетните мебели се направени од МДФ (медијапан) кој е сеуште најдобар за обработка и обликување, но квалитетот се гледа од завршната заштита на истиот. Најквалитетни се мебелите од медијапан со ПВЦ фолија и мебелите од медијапан кои се заштитени со повеќе слоеви на висококвалитетна полиуретанска боја, кој му го дава крајниот изглед и сјај.